Премиерот уште без одговор ќе му се одземе ли државјанството на Онишченко и ќе биде ли протеран

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес–конференција на која ги презентираше даночните реформи, не сакаше да прецизира до каде е постапката за одземање на државјанството на украинскиот бизнисмен Александар Онишченко и не кажа дали тој ќе биде протеран од државата.

„Донесовме одлука за отпочнување активности за одземање на државјанството на Онишченско и тоа треба да го направат надлежните институции. На некоја наредна седница ќе побараме одговори до каде е постапката“,рече премиерот.

Тој уште еднаш го повика Министерството за внатрешни работи да ја заврши истрагата за тоа како се случи затворена седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ да биде пренесувана во живо и за тоа да го информира Собрание

На прашањето дали денеска имал средба со лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, Ковачевски негираше и посочи дека за оваа недела нема закажано состанок со него.

Back to top button
Close