Преполни се болниците во Белгија, бараат помош од Германија

Белгија побарала од Германија да прими пациенти со коронавирус во нивните болници за да го намалат притисокот врз сопствените единици за интензивна нега, кои се преполни со пациенти, објави белгиската новинска агенција Белга.

Агенцијата ја цитира изјавата на шефот за итна медицинска помош Марсел Ван дер Авере, кој рекол дека нема повеќе резервни кревети за пациентите во неколку болници во земјата.

Барањето на ДПА до германското Министерство за внатрешни работи да ја коментира реакцијата на белгиското барање е сè уште неодговорено.

Според официјалните податоци, во Белгија се регистрирани скоро 450 нови инфекции на 100.000 жители во последните две недели. Иако бројот е малку помал отколку пред неколку недели, бројот на починати во меѓувреме се зголемил на просечно околу 40 смртни случаи на ден.

Back to top button
Close