ПРЕСВРТ во случајот со убиството кое ја вознемири Македонија: 27 годишниот Игор сепак нема да оди во затвор

Основниот суд во Кавадарци по предлог на ОЈО Кавадарци му изрече задолжително психијатриско лекување во здраствена установа на Игор Р. (27), кој беше обвинет за убиство на мајка си Сијка Р. (54).

Бидејќи обвинетиот според наодите на вештите лица-психијатри е непресметлив на неопределено време и не го сфаќа значењето на делото, сместен е веднаш во Психијатриската болница „Негорци“.

Убиството се случи на 30 март годинава во Росоман во семејната куќа. Во утринските часови, додека жената спиела во една од собите, синот повеќепати ја прободел во вратот со кујнски нож, нанесувајќи ѝ смртоносни повреди. Тој веднаш по настанот сам се пријавил во полиција. Таткото и сопруг на убиената во тој период бил на работа.

Претходно, на 14 август 2023, таткото на Игор пријавил дека тој во нивниот дом ги нападнал него и сопругата, агресивно се однесувал и кршел предмети.

По интервенција на полицијата, момчето било пренесено во кавадаречката болница а следниот ден, по барање на лекарите, бил упатен на лекување во Психијатриската болница „Негорци“.

 

Back to top button
Close