Претепан газда на кафеана во Македонија

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 18 јануари, по 1 часот по полноќ, осомничените агресивно и насилнички се обиделе да влезат во гостилница која веќе била затворена, со намера и по крајот на работното време таму да консумираат алкохол.

Сопственикот не им дозволил, по што тие продолжиле со особено агресивни дејствија во дворот на угостителскиот објект, па физички го нападнале сопственикот и му задале повеќе удари по главата и телото. Го собориле на земја и му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десната рака и повреда на увото.

Со ваквите насилнички дејствија осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв кај уште неколку лица кои во моментот се затекнале во близина на објектот

Back to top button
Close