Претседателката не сака да верува со кои зборови им се обратил премиерот на родителите на загинатите во Кочани

Јас,не верувам,односно несакам да верувам во тоа како одговор на прашање на овинарот во интервју за тв 24,што мисли за зборовите што им ги упатил Мицковски на родителите на средбата во влада,ајде кажете колкава ви е цената по дете.
Силјановска Давкова упорно тврдеше дека не и се верува и несака да верува и кога и новинарката и рече дека од ова студио родители на загинатите деца го кажаа тоа заколнувајки се дека е вистина и дека барале и бараат владата да објави снимка од средбата.
Прашана дали и ако не била во Кочани да ги посети родителите зошто не го сторила тоа Силјановска Давкова рече дека била на добротворна аукција на слики се сретнала во Кочани со хуманитарното зружение Супорт Кочани,била и на погреб на еден од настраданите но не сакала гласност за тоа.
Таа кажа дека донирала свои средства во консултација со свештеници да и кажат кому да ги даде односно во моментот кому му се најпотребни.
Председателката рече дека таа нема ингеренции во парите во државната каса и незнае зошто и дали владата досега не им дала никаква материјална подршка на родителите на настраданите и упати дека тоа се прашања кои треба да му се постават на премиерот.
Председателката беше нејасна околу неодржувањето на комеморација за жртвите од несреќата. Имаше некој предлози рече таа,да се одржи на Универзитетот или Ману,јас мислам дека тоа требе да биде во парламентот.
Но таква сеница не се одржа со објаснување дека моментите се сензитивни.болката ќе стане уште поголема, имаше забелешка дека ке се направи поделба меѓу граѓаните,немаше комеморативни седници за несреќата во Ласкарци и за ѓртвите во модуларната болница во Тетово..
Сепак рече дека комеморацијата е оддавање на почит на загинатите и тоа требало да се направи .
Силјановска оддаде признание како што рече за брзата истрага и судски процес кој почна и сака да верува дека ке се исполни очекувањето за испорачување на правда која ја бараат родителите но и сите ние.






