Претседателот на Движењето “Беса ” во Кичево се повлече од функцијата

Претседателот на огранокот на Движењето „Беса” во Кичево Исеин Ајдари со соопштение до јавноста инфромира дека се повлекува од претседателката функција на огранокот на оваа партија во Кичево.

– Почитувани граѓани, по објавувањето од Централното претседателство на Движењето Беса по одлуката за реорганизација на партијата во структурен аспект, почнувајќи од ограноците и подограноците, со тоа мене како сегашен претседател на огранокот во Кичево, ми завршува мојот мандат, пишува Ајдари.

– Им се заблагодарам на секој претседател на подгранок и раководството на огранокот кои внимателно ги извршуваа сите активности и задачи што произлегуваат од огранокот во Кичево и јас како нејзин сегашен претседател , почнува вели Ајдари

Во исто време, му посакувам многу успеси на новиот претседател кој ќе биде избран со гласовите на новите делегати. Му благодарам и на Централното претседателство и на Претседателот на Движењето Беса, за успешната соработка и можноста дадена на последните парламентарни избори како кандидат за пратеник на подрачјето на Кичево, со кои Движењето Беса стана составен дел од Владата на РСМ вели Ајдари.

Воедно тој истакна дека посакува сите ветувања дадени на гласачкото тело и нивните активисти да станат реалност и Движењето Беса да наликува на модерна европска партија. рз/оџ/

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close