Претседателските избори ги бојкотираа околу 137 000 лоца –  колку што ДУИ освои на парламентарните

Во Македонија вчера се одржаа претседателски и парламентарни избори на кои убедлива победа однесоа ВМРО-ДПМНЕ и претседателската кандидатка Гордана Силјановска-Давкова. Според последните податоци објавени од Државната изборна комисија, по пребројани 99,27% од избирачите, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, по неа Коалицијата предводена од ДУИ освои 19 мандати, коалицијата околу СДСМ – 18, „Вреди“ – 13 и Левица и ЗНАМ освоија по шест пратенички мандати.

На претседателските избори, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, победи со повеќе од 300 илјади гласа предност пред нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ. Или во вториот круг од претседателските избори гласаа вкупно 859 951 гласачи, од кои Силјановска-Давкова освои 560 170 гласа (65,14 отсто), Пендаровски 251 541 гласа (29,25 отсто), додека 48 237 ливчиња беа неважечки.

Во текот на изборниот ден, очигледен беше тивкиот бојкот на претседателските избори и тоа особено во општините со доминатно албанско население, поради што се поставуваше прашањето дали ќе се надмине цензусот од 40 отсто одзив за изборите да бидат успешни. При објавувањето на пресекот за излезеноста до 17 часот стана јасно дека цензусот е на дофат, а во 18:30 часот се потврди дека дефинитивно е така и дека земјава ќе добие нов шеф на државата.

повеќе

Back to top button
Close