Презентацијата на новиот болид на „Вилијамс“ попречена од хакери

– Формула 1 тимот „Вилијамс“ денеска го претстави болидот за новата сезона, откако фотографиите од новото возило порано се појавија на интернет и го принудија тимот да го смени планот за презентација

„Вилијамс“ планираше да го презентира автомобилот FW43B преку мобилна апликација, која овозможува виртуелна реалност (VR) но поради хакерски напад се одлучи да го претстави болидот на традиционален начин.

Болидот, што во новата сезона ќе го возат перспективниот Британец Џорџ Расел и Канаѓанецот Николас Латифи, останува со мотор на „Мерцедес“, но со поинаков „тркачки“ изглед.

Back to top button
Close