Прилепчанка измамена за 700.000 денари со приказна за болно дете

Жена од Прилеп останала без околу 700.000 денари откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјалните мрежи.

Прилепчанката во февруари годинава започнала комуникација со лицето, кое побарало пари под изговор дека му се потребни за лекување на неговото болно дете.

Жената поверувала во приказната и во неколку наврати му исплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека била измамена и на 14 јули го пријавила случајот во ОВР Прилеп.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

„На 14.07.2026 во 14:30 часотво ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР

Back to top button
Close