Примерок од “Хари Потер и каменот на мудроста” купен за неколку центи е продадена за повеќе од 12.000 евра
Примерок од првото издание на “Хари Потер и каменот на мудроста” купен за само неколку центи, е продаден на аукција за 10.500 фунти или повеќе од 12.000 евра.
Книгата е едно од 500-те дела што се појавија на аукција по смртта на колекционер од англискиот град Стафордшир.
Според зборовите на аукционерот Ричард Винтертон, највисока цена за книгата понудил онлајн купувач од Лос Анџелес, јавува Би-Би-Си.
„Ние сме апсолутно воодушевени од резултатот“, рече тој.
Оваа копија на Хари Потер објавена во 1997 година, е една од 300-те копии испратени до библиотеките и е купена од библиотеката Вулверхемптон од човек кој живеел во Барнтвуд.
На книгата сè уште стои идентификацијата на библиотеката, налепницата со буквата „Ј“, маркичката за повлекување и продажната цена од „30 пени“ или околу половина евро.
Сопственикот на книгата ненадејно починал на 55-годишна возраст, а истата ја пронашол тимот на аукциската куќа на Ричард Винтертон.