Принцот Ендрју ја загуби кралската тутула

Кралицата укина голем број воени улоги и кралски титули на принцот Ендру, објави Бакингемската палата.

Овој потег доаѓа откако американски судија даде зелено светло за нејзиниот втор син да се соочи со граѓанска тужба за сексуален напад врз малолетничка, пишува Гардијан.

Бакингемската палата денеска објави:

„Со одобрение и согласност на кралицата, воените улоги и кралското покровителство на војводата од Јорк и се вратени на кралицата. Војводата од Јорк нема да продолжи да презема никакви јавни должности и во овој случај се брани како приватен граѓанин“.

Принцот Ендру го загуби и звањето „Неговото кралско височество“ во службено својство.

Back to top button
Close