Принцот Хари и Меган Маркл: Проневериле 4 милиони долари од хуманитарна фондација?

Принцот Хари и Меган Маркл во центарот на скандалот: Проневериле 4 милиони долари од хуманитарна фондација?

Фондацијата „Archewell”,, управувана од принцот Хари и Меган Маркл, се најде под лупа откако е откриено дека недостасуваат повеќе од 4 милиони долари од најновата даночна пријава.

Сега медиумите додека се очекува следниот даночен извештај кој би можел да ја разјасни ситуацијатапрашуваат каде завршиле овие пари . Финансискиот пропуст доаѓа во непријатно време за фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл, која веќе е означена како „деликвентна“ претходно оваа година.

Фондацијата дури неодамна доби дозвола повторно да собира и троши пари, а новите проблеми со IRS (Internal Revenue Service) може дополнително да ја разнишаат нејзината репутација, пишува „Дејли мејл“.

Фондацијата во изминатите две години добила две уплати од над 6 милиони долари, но ниту една од нив не се појавува на даночната пријава. Постојат шпекулации дека големите донации на „Арчевел“ можеби биле направени анонимно преку посреднички организации, практика забележана во минатото.

Инаку, на почетокот на годинава фондацијата веќе беше на удар и се сомневаше во регуларноста на своето работење поради неправилности во поднесувањето на годишниот извештај и плаќањето на надоместоците. Иако извори блиски до војводата и војвотката од Сакекс тврдеа дека проблемот е предизвикан од необработен чек од 200 долари, овој нов финансиски пропуст може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

 

Back to top button
Close