Принцот Вилијам jа отстранил сестрата на Камила од кралските должности
Принцот Вилијам донел важна одлука која воопшто нема да и се допадне на кралицата Камила. Принцот од Велс повеќе нема да ѝ плаќа на сестрата на кралицата Камила од кралскиот буџет по две децении нејзина работа, пишува Телеграф.
Имено, 75-годишната Анабел Елиот, сестрата на Камила, добила стотици илјади долари изминатите дваесет години зс нејзината служба како дизајнерка на ентериер во кралското семејство.
Кралот Чарлс III, кој беше принц од Велс за време на владеењето на Елизабета Втора, ја вработи својата свастика како главен дизајнер на ентериер по неговата венчавка со Камила во 2005 година.
Како што потврдуваат извори блиски до семејството, Вилијам ја елиминирал улогата на Анабел. Од 2005 година, таа добивала од 25.000 до 106.000 долари за одржување на имоти и канцеларии за изнајмување, се вели во извештајот.
Изворите наведуваат дека „нејзината работа на имотот се смета за завршена и дека сегашните работници доволно научиле од неа“. И покрај драстичното намалување на приходите, кралот и кралицата ја најмија Анабел да го надгледува реновирањето на ресторанот и центарот за посетители на Балморал, кој беше отворен ова лето.