Притвор за командирот на смена и двајца затворски полицајци по бегството на затвореникот Мехмети

Двајца од четворицата затворски полицајци на кои им избега затвореникот и осуденик за убиство, Беким Мехмети, при спровод од КПУ Идризиво до Клиничкиот центар, добија мерка притвор, пренесе „360 степени“ повикувајќи се на упатени извори од обвинителството.

Осум дена притвор добил и командирот кој бил на смена критичната вечер (на 12 јанаури 2023 година). Во текот на денот се очекува соопштение од судот или обвинителството со повеќе детали.

Во спроводот на Беким Мехмети учествуваа четири затворски полицајци. По пат, комбето со кое го превезувале Мехмети било пресретнато, по што барем еден од полицајците бил разоружан и со тоа оружје е повреден еден од чуварите. По инцидентот, МВР објави:

 

„Според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. од КПУ ‘Идризово’ кон Ургентниот центар ‘Мајка Тереза’, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило ‘ауди’. Повредениот затворски полицаец е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош“,

Покрај двајцата полицајци кои се во притвор, третиот е се уште во болниа, каде се лекува од повредите. Првичните информации беа дека му било пукано во нога, но потоа беше објавено и дека има огнострелна рана во стомакот. За четвртиот затворски полицаец, засега, нема информации дали има мерки за обезбедување.

Повеќе

Back to top button
Close