Приведен крадец од Куманово

– Полициски службеници од СВР Куманово утрово во 06.00 часот го лишиле од слобода 30-годишниот кумановец М.Т., затоа што синоќа околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет.
МВР денеска соопшти дека врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои биле вратени на сопственикот.
– М.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.