Приведен крадец во гостиварско, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот
– Полициски службеници од ОВР Гостивар – Полициско одделение Ростуше, вчера во 19.00 часот во село Жировница, Гостиварско, го лишиле од слобода В.В.(31) жител на селото, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 14/15 декември, со употреба на сила влегол во угостителски објект во с.Жировница, сопственост на Е.П.(44) од с.Жировница и одзел пари во различни апоени и валути. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР.