Приведен кумановец, при претрес во домот пронајдени повеќе видови дрога
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 26-годишниот С.Ш. од Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. При претрес во неговиот дом биле пронајдени повеќе видови дрога.

„При претрес извршен по судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени марихуана, кокаин, амфетамин, таблети екстази, дигитална вага и банкноти“ велат од МВР.
Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР






