Приведен шверцер од Скопје, пронајдени осум мигранти од Сирија


Осум мигранти од Сирија утринава биле откриени од полициски службеници во непосредна близина на наплатна станица Смоквица, за кои се претпоставува дека биле растоварени возило управувано од 40-годишен скопјанец. Возачот е приведен, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, соопштуваат од полицијата.

– Денеска, во 08.00 часот, на крстосница кај с. Богородица, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ забележано е патничко возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, кое превезувало поголем број на патници. Возилото е сопрено на регионален пат 103, во близина на наплатна станица Смоквица, при што било констатирано дека го управувал П.Р.(40) од Скопје, а осум лица илегални мигранти од Сирија се пронајдени во непосредна близина, за кои постои основано сомневање дека се растоварени од возилото непосредно пред да биде запрено, известуваат од МВР.

Оттаму, посочуваат дека возачот е приведен и во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.

Back to top button
Close