Приведена скопјанка, го нарушила јавниот ред и мир за време на прес-конференција со најавен протест

Полициски службеници привеле скопјанка која го нарушила јавниот ред и мир за време на денешната прес-конференција со најавен протест.

– Денеска (08.12.2022) во 11:00 часот на бул.„Илинден” во близина на хотел на подрачјето на Центар, Скопје, за време на прес конференција во врска со најавен протест, од полициски службеници од СВР Скопје е приведена П.Ц.(62) од Скопје, која го нарушила јавниот ред и мир, со агресивно однесување кон присутните и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, наведува МВР во дневниот Билтен.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close