Приведени две лица од Штип затекнати при кражба од градежен објект

– Полициски службеници од Полициската станица Штип вчера ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23.35 часот на ул.„Борис Крајгер“ во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од градежен објект.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице.
По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Back to top button
Close