Продадена црвена туна за речиси 1,3 милиони евра

Во Јапонија по традиција се одржа новогодишна аукција на туна. На аукцијата, најскапото парче туна беше продадено на суши ресторанот Онодера Груп кој плати скоро 1,3 милиони евра. Туната која ја купија е уловена во Оми и тежи 276 килограми.

Фото: Гардијан

„Се верува дека првата туна носи среќа. Нашата желба е луѓето да ја јадат туната и да имаат прекрасна година“, рече сопственикот на ресторанот.

Ова не е највисоката цена за туна на новогодишната аукција во Токио. Рекордот беше постигнат во 2019 година кога се плати речиси 2,7 милиони евра за туна тешка 278 килограми.

Back to top button
Close