Продолжен викенд: Понеделник е неработен ден

Пред нас е празничен период во кој верниците од православна вероисповед ќе уживаат во продолжен викенд. Понеделник, 19 јануари, кога се празнува Богојавление (Водици), е неработен ден за православните граѓани

Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори.

 

За сите граѓани на РСМ

Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани:

 

1 јануари (четврток) – Нова Година

7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

20 март (петок) – Рамазан Бајрам (Продолжен викенд)

13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден (Продолжен викенд)

1 мај (петок) – Ден на трудот (Продолжен викенд)

25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) (Продолжен викенд)

3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) (Продолжен викенд)

8 септември (вторник) – Ден на независноста

12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)

23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)

8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

 

19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици) (Продолжен викенд)

10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден)

29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд)

28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)

За граѓаните од муслиманска вероисповед

27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните од католичка вероисповед

6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден

1 ноември (недела) – Празникот на сите светци

25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

 

Back to top button
Close