Произведувачите на месо во САД користат нови технологии за прочистување на воздухот во фабриките

Компанијата JBS USA, четврти по големина произведувач на говедско месо во САД, соопшти дека во нивните погони се употребува ултравиолетово зрачење за прочистување на воздухот.

Компанијата Tysоn Foods, крупен американски произведувач на говедско, свинско и пилешко месо, соопшти дека спроведува опширни испитувања за протокот на воздух и тестирање на опремата за ултравиолетовото зрачење во некои свои фабрики.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, засега останува непознато дали овие технологии се ефективни во борбата против коронавирусот.

Компаниите беа критикувани зошто враќале на работа инфицирани работници и не биле агилни во нивната заштита со носење маски и физичка дистанца.

За време на пандемијата во САД, околу 16 илјади работници во месната индустрија се разболеа од Ковид-19, додека 86 вработени починаа.  

Back to top button
Close