Промоција на три книги од Гордана Каракашевска Галеријата КО-РА

– Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер  во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш.

Станува збор за насловите „Сињор Џордано и…., „Скршен поет и други поеми“ и „Разголување“

Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска.

Промоцијата ќе почне во 18 часот во салон сутерен.

Во истиот салон  во тек е групната изложба на дела по повод 2 Април – Светскиот ден на бајката и по повод Светскиот Ден на среќата – 20 Март, насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата – што е тоа“, наведуваат од Галеријата КО-РА

Back to top button
Close