Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро кај Пештани

Експлозивна направа била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на хотел во Пештани.

Од МВР информираат дека на 10 август во 18:10 часот, во Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид, А.С. од Охрид пријавил дека во езерото била пронајдена бомба.

За случајот била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да преземе активности за подигнување на експлозивната направа.

Back to top button
Close