Пронајдена е велешанката која со ќерката заминала од родителскиот дом

 

Младата велешанка Теодора, која заедно со својата две-годишна ќерка заминала од домот на родителите на 16-ти септември, и по која се трагаше, вчера биле пронајдени во Струмица.

Веста за пронаоѓањето на мајката и ќерката ја потврдија од СВР Велес. Од таму информираат дека мајката и ќерката се во добра состојба.

Како потсетување, велешанката со ќерката живеела во домот на своите родители, од каде заминала по расправија со таткото. Истиот ден, тој пријавил во СВР Велес дека ќерка му заедно со внуката се оддалечила, а потоа и на социјалните мрежи се објави фотографија од неа, со апел дека се трага по неа.

За ,,Фокус” пак, таткото на Теодора завчера изјави дека иако ќерка му е возрасна, пријавил во полиција бидејќи бил загрижен за внуката, односно за тоа како ќерката ќе се грижи за неа, без негова помош, со оглед на тоа што живееле од социјална помош.

 

Back to top button
Close