Пронајдено телото на втората ќерка на Алма –  Албанскиот министер за внатрешни работи низ солзи го осуди родово базираното насилство

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала со солзи во очите ја соопшти тажната вест за пронаоѓањето на телото на второто дете на Алма Ареза, мајка која стави крај на животот скокајќи во реката Бојана со трите деца.

– Пронајдено е телото на уште едно дете. Во овој предел се сомневаат дека се и телото на мајката и третото дете. Тежок момент, не можам да најдам зборови – изјави министерот за внатрешни работи на Албанија, пренесува VoxNews.

-Дојде моментот да го кажам и со солзи во очите, мора да се ослободиме од оваа ситуација. Сите ние мора да реагираме како општество. Дури и кога девојките не можат да реагираат, сите други треба да реагираат. Мора да ја зголемиме нашата моќ за да добиеме информации и навреме да интервенираме – додаде Бала.

Да потсетиме, вчера беше објавено дека мајка и нејзините три деца се удавиле во реката Буна во градот Скадар, а се сомнева дека причина за ова е насилството што 31-годишен маж системски го вршел врз жената и децата.

Продолжува потрагата по мајката и нејзиниот син.

Back to top button
Close