Пронајдени делови од авионот кој исчезна кај островот Нантакет

Делови од авионот за итна медицинска помош кој вчера исчезна над морето кај островот Нантакет се пронајдени во Атлантскиот Океан за време на обемна потрага, објави американската крајбрежна стража.
Екипажот на бродот на крајбрежната стража „Вилијам Спарлинг“, кој беше испратен од Бостон во зоната за пребарување покрај брегот на Масачусетс, пронајде пловечките остатоци и се обидува да утврди на кој дел од исчезнатиот авион припаѓаат, објавува „Њујорк пост“.
Авионот од типот „Галфстрим Г100“ летал од меѓународниот аеродром Л.Ф. Вејд на Бермудските острови кон аеродромот „Логан“ во Бостон кога вчера изутрината исчезнал од радарот на Федералната управа за авијација, непосредно пред неговото планирано слетување околу 1:25 часот.






