Проруска хакерска група предизвика прекини на работата на веб-страниците на аеродроми во Милано

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата аеродроми во северниот италијански град Милано, јави ДПА.

Веб-страниците каде што може да се следат полетувањата и слетувањата не се достапни. Аеродромскиот оператор соопшти дека летовите продолжиле да функционираат нормално.

Одговорноста за нападот ја презеде проруската хакерска група Noname057. На Телеграм, нападот беше наречен „заслужен одговор на италијанските хејтери на Русија“.

Во истрагата за случајот се вклучи и италијанската Агенција за заштита од компјутерски криминал.

Италијански медиуми јавија и дека неколку други италијански веб-страници, вклучително и почетната страница на Министерството за надворешни работи, исто така биле погодени од хакерски напади.

Back to top button
Close