Просечната плата во Македонија се зголеми на рекордни 38.843 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2023 година, изнесува 38.843 денари, што е зголемување од 17,3 проценти во однос на истиот месец минатата година. Михаел Блажековиќ, пазарен аналитичар во „Блумберг Адрија“ вели дека платите во Македонија продолжија силно да растат и во десеттиот месец од оваа година, пишува Блумберг Адриа.

„Номиналниот раст на нето-платите во однос на истиот месец лани изнесува 17,3 проценти, додека реалниот раст поради намалувањето на инфлаторните притисоци е 14 проценти (коригирано според ХИЦП), што во моментов е највисок раст на платите во регионот Адрија. Во прилог на растот оди и малиот фонд на соодветни работници поради намалувањето на невработеноста, која падна во однос на просекот за цела 2022 година за 9 проценти.“, вели Блажековиќ.

Back to top button
Close