Просечната плата во ноември лани 38.359 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23,8 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот ( 8 проценти), Рударство и вадење на камен (5,9 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,6 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 57 609 денари

Back to top button
Close