Протест „Правда за Кољо“(ВИДЕО)

Со скандирање Правда за Кољо, попладнево во 18 часот во Ново Лисиче  се одржа протестот „Правда за Кољо“  поради тригодишната казна за убиецот на младиот кошаркар Никола Христовски

Нивниот револт е посебно голем поради тригодишната затворска казна на која е осуден 18 годишниот скопјанец А.Т. кој беше обвинет за убиството на 17 годишниот Кољо.

Засега, јавноста нема објаснување зошто казната за ова убиство е спуштена под минималните 5 години, за што се потребни посебни околности.

Back to top button
Close