Протест пред УЈП: Германија ги ослободила од плаќањето данок, но од УЈП нема бегање
Македонски студенти кои во текот на минатата година оствариле приход од работа во Германија (преку т.н. можност „ворк енд травел“, односно комбинација на работа и патување), денеска протестираа пред Управата за јавни приходи поради тоа што за парите што ги заработиле во странската држава, ќе треба да платат данок во нашата земја, пренесе Независен.

На протестот на студентите кој беше најавен, се придружија и граѓани кои во 2020 година работеле во Авганистан, најмногу кумановци, кои исто така спорат со УЈП околу обврската дали треба или не да платат данок на таму остварените приходи.
Како што појаснуваат до УЈП, постапката со македонските „авганистанци“ сѐ уште е отворена, односно се чека да достават докази за платен данок таму.
Според презентираните податоци денеска на брифинг со новинарите во УЈП, во 2020 година ббиле испратени 11.527 известувања до физички лица кај кои било утврдено дека имаат приливи од странство кои според ознаките претставуваат оданочив доход.
Од нив, 2.276 лица доброволно поднеле пресметки, додека за 3.637 лица УЈП утврди аконативна даночна обврска по службена должност. Во исто време, кај 5.614 лица беше утврдено дека станува збор за неoданочиви приливи, како што се приватни трансфери.
…






