Протести во ЈАР поради истражување на нафтената компанија Шел

Најмалку илјада луѓе денеска протестираа на плажата во близина на градот Порт Едвард поради плановите на компанијата Ројал Дач Шел да истражува нафта.

Демонстрантите истакнаа дека нафтените испитувања ќе ги загрозат китовите, делфините и фоките на недопрениот брег на Јужноафриканската Република (ЈАР).

Судот на ЈАР на 3 декември го одби барањето на еколозите да ја запрат нафтената компанија да истражува на источниот брег, отфрлајќи го нивниот аргумент дека тоа ќе причини непоправлива штета на морските животни, посебно на грбавите китови.

Back to top button
Close