Проверете дали сте на списокот: Планирани прекини на струјата во сабота

Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, информира дека утре (11 јули, сабота) поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во повеќе населени места во општините Петровец, Сопиште и Студеничани.
Во периодот од 08:15 до 15:15 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Огњанци, Чифлик, дел од Петровец, Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари Лозја, пумпата Фазанерија, ЗИК „Фазанерија“, Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, пумпата на водоводот во Кожле и тунелот Катланово во општина Петровец.
Од 08:30 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од селото Држилово, викенд-населбата Држилово, селото Јаболци и Патишка Река во општина Сопиште.
Во периодот од 08:15 до 15:15 часот без струја ќе останат и корисниците од селата Црн Врв и Елово во општина Студеничани.
Од ЦУК апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности согласно најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.






