Прв состанок на Џонсон и кралицата Елизабета Втора по повеќе од една година

 Британската кралица Елизабета Втора по повеќе од една година го одржа својот прв неделен состанок со премиерот Борис Џонсон поради карантинот воведен во земјата против коронавирусот.
Кралицата од март 2020 година одржува телефонски состаноци, а денеска таа и Џонсон, двајцата вакцинирани против Ковид-19, се состанаа во Бакингемската палата.
Елизабета Втора го помина најголемиот дел од карантинот во замокот Виндзор, во западен Лондон.
Британските медиуми објавија дека кралицата, која во април го загуби сопругот принцот Филип, одлучила да го помине поголемиот дел од своето време во Виндзор.
Во Велика Британија од почетокот на епидемијата на коронавирусот починаа 128.027 лица.

Back to top button
Close