Прва изложба на слики во Уметничката Галерија во Тетово од почетокот на на пандемијата

Изложба на слики за прв пат е отворена неделава во Уметничката Галерија во Тетово од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Своите дела ги изложи сликарката Нора Зекири, насловена „Во нивните очи“.

– Авторката се претстави со 28 дела, теми од портрети и апстрактни дела, со користење на пастелни бои или молив, информираат од Галеријата.

Поради пандемијата изложбата е отворена според соодветните протоколи за заштита од Ковид-19. Во текот на изминатиот месец со цел да се подготви за ваквите настани во објектот на Галерија беше извршена и соодветна дезинфекција.

Во текот на овие месеци, почнувајќи од март оваа година до јуни, поради вонредната состојба предизвикана од пандемијата, откажани беа сите уметничкио-културни активности планирани за реализација во овој период. Најтрадиционално организираната изложба со уметнички фотографии беше спроведена по електронски пат,  информираат од Галеријата.

Уметничката Галерија ќе продолжи со работа во насока на планирање и подготвување план за проекти кои ќе се одвиваат следната година.

Back to top button
Close