Прва победа на Оже-Алисиме на Мастерсот во Торино

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме ја оствари првата победа на годинашново издание на Мастерсот во Торино. Тој во мечот групата го победи Американецот Бен Шелтон со 2:1 во сетови (4:6; 7:6(7) и 7:5) по 2 часа и 25 минути игра.

Оже-Алисиме успеа да направи пресврт во мечот и по загубениот прв сет, во вториот иако го доби во тај брејкот противникот немаше ниту една меч топка. Во решавачкиот сет Оже-Алисиме во 12.тиот гем ја искористи третата меч топка. Канадскиот тенисер со оваа победа ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.

Во вториот меч од групата вечерва од 20:30 часот играат Јаник Синер и Александер Зверев, двајцата тенисери кои победија во првото коло.

Back to top button
Close