Прва виртуелна претстава на Wonderland Theatre

На 11.06 2020 год. во четврток, независниот Wonderland Theatre ќе ја има својата прва театарска премиера онлајн.

Претставта носи наслов „Илузии“. Работена е според мотиви од истоимената драма на најпознатиот современ руски писател Иван Вирипаев. Илузии е во режија на Нела ВитошевиќУлогите ги играат актерите: Драгана Лошкова, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабановиќ. Монтажата ја направи Васил Христов. Музиката е на Огнен Анастасовски.

Претставата ќе се емитува од 20 00 часот на каналот на Wonderland Theatre, на Youtube (https://www.youtube.com/user/wonderlandtheatremk/featured) и потоа ќе остане на истата за публиката да може и понатаму да ја гледа. Публиката може да ја следи и на инстаграм  https://www.instagram.com/wonderland.theatre_/на фејсбук на (https://www.facebook.com/Wonderland-Theatre-107622730975439/)

-Оваа претстава е направена во време на пандемија и нејзиното создавање е поврзано со периодот на карантинот. Секој ден откако ќе започнеше полицискиот час, екипата се собираше да пробува на интернет платформите за комуникација. Тргнавме од идејата односно започнавме дебати околу тоа што би се случувало доколку пандемијата потрае подолго време?! Каков би бил светот?! Како би функционирале ние во новонастанатите околности?! Што би се случувао со уметноста, а што со театарот?!

Дискутиравме, споделувавме разни сознанија и информации во однос на новите глобални околности и решивме да пробаме да направиме претстава во виртуелниот простор и да видиме што ќе добиеме како резултат на ова истражување. Екипата на крајот се договори да влезе во оваа не толку позната сфера и да одговори на предизвикот кој ова ново време го задава. Користејќи се со тетарскиот пристап, но во виртуелниот свет, направивме  претставата која ги отвара темите на љубов, неверство, оттуѓеност на луѓето како и празнотијата и минливоста на животот. Сметавме дека во вакви кризни времиња овие теми се актуелизираат кај секој човек. Оваа приказна ни ја раскажуваат четворица актери кои постојано влегуваат и излегуваат од улогите. Сите играат определена улога, но истовремено се и наратори на приказната.

Од друга страна претставата отвара и еден друг документаристички аспект кој зборува за проблемита со кои се соочува, а и допрва ќе се соочува пост-пандемскиот театар. Интересно во однос на процесот е и тоа што екипата се нема сретнато во живо. Целата комуникација и создавање на претставата се одвиваа онлајн. Се што е снимено е снимено во домашна изолација и со приватни телефони на екипата. Претставата е направена за месец и дваесет дена и трае 50 минути. Оваа виртуелна претстава наш придонес и уметнички израз во оваа ново настаната состојба – стои во сопштението на Wonderland Theatre.

Back to top button
Close