Прво финале во ЛШ за Начевски и Николов

– Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на денешниот натпревар во Келн со кој ќе биде заокружена сезоната во ракометната Лига на шампиони.

Дуелот во „Ланксес Арена“ меѓу Алборг и Барселона ќе биде прво финале во елитното натпреварување во кариерата на двојката Начевски – Николов.

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот.

На завршниот „Фајнал фор“ турнир во Келн, Германија од 15 часот е средбата за третото место во која се среќаваат германските екипи Магдебург и Кил.

Back to top button
Close