Првото целосно подземно училиште ќе се гради во Харков

Харков ќе го гради првото целосно подземно училиште, со цел да ги заштити учениците од честите руски ракетни напади, најави градоначалникот на тој град.

Новото училиште ќе ги исполни „најсовремените регулаторни барања во однос на заштитните структури“, тврди Терехов, од чии изјави не е јасно колкаво ќе биде училиштето и кога ќе се отвори.

Додека многу училишта во предните региони за време на војната досега беа принудени да одржуваат настава преку Интернет, Харков организираше околу 60 посебни училници во станиците на метрото пред почетокот на учебната година, која започна на 1 септември, создавајќи простор за учење за повеќе од илјада деца, пишува Ројтерс.

 

 

Back to top button
Close