Психологот Бошковска: Секој индивидуално ја преживува болката, не постои пишано правило за заздравување од колективната траума
Почнува периодот на тага и од оваа колективна траума со која секој е засегнат, не постои пишано правило за заздравување. Секој индивидуалнно ја преживува болката, истакна денеска психологот Емилија Бошковска, која заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги посетија учениците од основните и средни училишта, каде што по трагедијата во дискотеката во Кочани тимови од психолози работат со нив.
-Имавме неколку фази, коишто поминаа, забележавме дека имавме после шокот и лутина и тоа е нормална емоција. Почнува периодот на тага, не кај сите повторно ќе кажам се е индивидуално. Но ги следиме од ден на ден се менува состојбата и тука сме за се што доаѓа поред, па дури и за таквите состојби аксиозни состојби, депресивност и слично, вели Бошковска.
Таа посочува дека 130 психолози се вклучени и работат со ученици, студенти, граѓани во општините Кочани, Штип, Чешиново-Облешево, Виница и Пробиштап, каде што има жартви и повредени во пожарот во дискотеката во Кочани.
Бошковска потенцира дека секој граѓанин може да побара помош од нив, која е бесплатна и сите психолози работат хуманитарно на терен.
-Во моментов има над 30 психолози од утринава во Кочани. Во Штип сме десет, ги распредулавме силите, работиме тимски и ги распределуваме првично по прироритет, затоа што не можеме да стигниме и ќе им пречиме и нормално во наставата, доколку цело време сме тука. Но, редовно оставаме некој од тимовите да остане на факултетот и секој којшто сака индивидуално. Ова нормално важи и за возрасните, не само за младите. Имаат можност да дојдат во советувалиштето таму и за индивидуално да разговараат со некој од колегите, вели Бошковска.
Психолозите од Комората на писхолози на терен се во општините во источниот регион од вторникот, а од петокот се вклучени и училишните психолози, кои имаат поминато и дополнителна обука.