Пукање во скопско Волково: Eдно лице убиено друго се самоубило а малолетник се бори за живот

Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се мртви а малолетник е повреден.

 

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Малолетникот кој е повреден е пренесен на КАРИЛ и е во релативно стабилна состојба. Тој ќе биде пренесен на Клиниката за пластична хирургија за натамошно третирање.

Како што објавија некои медиуми, кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот. По ова, убиецот си го одзел животот со истрел во главата.

На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.

Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна

Back to top button
Close