Пукале со автоматско оружје кон куќата на поранешниот шеф на СВР Тетово
Утрово во СВР Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопедот со кој се движело испукало неколку куршуми од автоматско оружје кон семејната куќа на Ш.Б. (48), по што се оддалечило од местото.

При извршениот увид биле констатирани оштетувања на металната порта од дворот, фасадата на куќата, објект во дворот, како и на патничко возило „BMW“ кое било паркирано во близина.
Од местото биле подигнати шест проектили за вештачење, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
Неофицијално, се дознава дека иницијалите Ш.Б. би можеле да се однесуваат на Шефик Бајрами, началник на Секторот за внатрешни работи во Тетово. Полицијата ги истражува мотивите за нападот, а засега нема официјални информации за идентитетот на лицето кое пукало.






