Пуштено ново видео во судницата: Ивана плаче, додека Стојанче ја снима и се смее!

Во продолжение на судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинителството денеска во судница презентираше видеоснимка која, според наводите, прикажува дел од контекстот на долготрајното семејно насилство врз Ивана Јовановска, која подоцна трагично го загубила животот, објави 4news.mk

Станува збор за случај во кој Јовановска, според обвинението, била изложена на континуирано психичко и физичко малтретирање, пред да заврши со пад од балкон заедно со својата шестгодишна ќерка Катја на 2 март оваа година.

Првата видео-снимка, презентирана како доказ, датира од 10 февруари 2026 година и е направена со мобилен телефон на обвинетиот. На неа се гледа момент непосредно по пријава до службата 112 за семејно насилство.

На снимката, Ивана Јовановска се наоѓа во ходник пред станот, плаче и повторува дека била удирана, барајќи од сопругот да престане. Таа со прекрстени раце се обидува да се заштити, додека Јовановски ја снима со телефон.

Во видеото се слуша како таа вели: „Не ме удирај веќе“, додека тој одговара дека не ја удира. Во еден момент таа повторно го прашува зошто била нападната, додека тој, според описот на обвинителството, реагира со смеа и иронични гестови.

повеќе

Back to top button
Close