Путин ги уапси шефот на разузнавачката служба и неговиот заменик – што подготвува за Шојгу и Лавров?  

Шефот на Федералната служба за безбедност на ФСБ, Сергеј Беседа, наводно е во домашен притвор, објави британски „Тајмс“.

Беседа е уапсен заедно со Анатоли Бољух, неговиот заменик. Рускиот лидер Владимир Путин сака да го обвини шефот на службата за безбедност за запирање на инвазијата на Украина, пишува британскиот весник.

Западните медиуми шпекулираат дека Путин е лут поради лошата ситуација во Украина, каде руските војници не успеаја да напредуваат колку што се очекуваше пред објавувањето на воената инвазија на 24 февруари.

„Тајмс“ тврди дека се подготвува разрешување, дури и апсење на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, но и детронизација на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Back to top button
Close