Путин се сретна со Додик во Москва
– Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска во Москва се сретна со претседателот на Русија Владимир Путин.
„Само што имав средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин. Ова е наша 26-та средба“, напиша Додик на социјалната мрежа Х, каде што објави и видео од средбата со Путин.
Управо сам имао састанaк с предсједником Руске Федерације Владимиром Путином, ово је наш 26. сусрет.
Путин познаје детаље, укупну ситуацију која се дешава код нас. Занима се за нешто што обичан човјек код нас тамо пита.Русија je веома важна земља за Републику Српску, у оквиру… pic.twitter.com/uLiZWOKqwJ
— Милорад Додик (@MiloradDodik) April 1, 2025
Тој додаде дека Русија е многу важна земја за РС, во рамките на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека Русија „отсекогаш била објективна“.
„Русија е гарант на Дејтонскиот мировен договор и тоа го кажа Путин на средбата. Тој додаде дека во тие рамки Русија ќе се залага за крај и прекин на работата на меѓународните институции, особено на лажниот висок претставник, односно, како што вели, нелегитимниот претставник“, рече Додик.
Тој, исто така, рече дека „Путин ги знае деталите и севкупната ситуација што се случува во нашата земја“, додавајќи дека рускиот претседател „се интересира за нешто што го прашува обичниот човек овде. Го интересирале деталите, што правиме и како го правиме тоа“, заклучил Додик.
На официјалната веб-страница на Кремљ беше објавено дека на средбата меѓу Путин и Додик присуствувале и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, министерот за наука и технолошки развој и високо образование на РС Жељко Будимир и шефот на претставништвото на РС во Русија Душко Перовиќ.
Судот на БиХ на 27 март побара од Интерпол да распише црвена потерница за Додик и претседателот на Парламентот на РС, Ненад Стевандиќ, поради сомневање дека сториле кривично дело „напад на уставниот поредок на БиХ“.
Ваквото барање било испратено откако и двајцата ја напуштиле Босна и Херцеговина, избегнувајќи ги законски пропишаните процедури за гранична контрола, а по нив е распишана централна потерница во Босна и Херцеговина