Работата на компјутер e физички предизвик за телото

Стресот предизвикан од современиот начин на работа на компјутер e предизвик за сечие тело. Главата и вратот често страдаат од положбата во којашто се наоѓаат со часови, па болката е придружена со проблеми со рамената, очите и траен замор.

– Понекогаш лошото држење е причина за болка и непријатност во нашето тело. Направете еден брз експеримент… Турнете ја главата нанапред, а потоа подигнете ја за да погледнете нагоре колку што ви дозволува вратот. Оваа незгодна поза е токму онаа која луѓето зад екранот често несвесно ја заземаат, а истражувањата покажаа дека ако сме во таа положба само 30 секунди се јавува болка, вели д-р Ерик Пепер, професор на Универзитетот на Сан Франциско во Калифорнија (САД).

Тој објаснува како главоболките може да бидат предизвикани од разни нешта, но треба да се концентрираме и да избегнуваме што повеќе причинители на болката. Еден од начините се дишењето и држењето на телото.

Делотворно е како да не се задржува напнатоста во мускулите на вратот, па така да се стане посвесен за таа состојба. Вежбата гласи: Стегнете ги мускулите, па опуштете ги целосно и тоа се повторува и практикува што почесто, додека човекот не се навикне на опуштањето.

Друг совет гласи – поставете потсетник кој како училишно ѕвонче ќе ве потсетува накусо да станете да се истегнете.

За положбата на екранот, важно е таа да нѐ тера да бидеме исправени, т.е. тој да биде „пред очите“ на човекот, а не долу. Професорот советува и да го подигнеме лаптопот со држач, ако е потребно, па и посебна тастатура.

– Внимавајте и на дишењето и обидете се да вдишите во стомакот, притоа исправајќи се. За да ги опуштите очите од постојаното гледање блиску, доколку можете, свртете го погледот на поголема далечина, како што се облаците или врвовите на дрвјата, препорачува проф. Пепер.

Секако, сите овие вежби се повторуваат секојдневно, кога тоа е потребно.

Back to top button
Close