Работнички по продолжение поуспешен од Феникс

Кошаркарите на Работнички во драматичен натпревар решен по дополнителни пет минути синоќа го совладаа дебитантот во Првата лига, тимот на Феникс.

Домашна победа во 2. коло во Скопје забележаа и екипите на ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром, додека Пелистер ја оправда фаворитската улога против Навико Академија ФМП.

Во Гостивар истоимениот тим го победи Куманово.

Резултати:
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 89:71
ТФТ – Еуро Никел 85:71
Гостивар – Куманово 85:72
Навико Академија ФМП – Пелистер 66:89
Работнички – Феникс 94:90.

Колото ќе се комплетира вечер со средбата Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка.

Back to top button
Close