Работник на кочански „Водовод“ тешко повреден при пад од мост
МВР информира дека вчера наутро во 09:04 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(55) од Кочани, вработен во ЈКП „Водовод“ Кочани.

Според пријавеното, Т.Ј. се здобил со повредите при пад од висина околу 08:00 часот на ул. „Лазар Андонов“ во Кочани додека извршувал работни задачи на мостот на Кочанска река.
За настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани






